Skip to main content
Хроника

Почината жена пронајдена во стан во Карпош

27/05/2025  14:07

Денеска во 01.00 часот по полноќ во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош, била пронајдена почината М.К.М.(82). Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопштија од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.