Skip to main content
Хроника

Претрес во Батинци, пронајдени пиштоли и куршуми, уапсено едно лице

27/05/2025  11:23

Денеска (27.05.2025) во 09 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) од с. Батинци затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми. По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.