Skip to main content
Балкан

Две лица на мотор фрлиле бомби во забавен центар во Истанбул, најмалку седум лица повредени

27/05/2025  11:06

Две лица на мотоцикл фрлиле рачни гранати во забавен центар на улицата Парк Џадеси во населбата Хуријет во истанбулскиот округ Кагитане, објавија локалните медиуми.

Нападот се случил околу 1:40 часот по локално време. Седум лица беа повредени, а тројца се здобија со тешки телесни повреди, според написите.

Двајца мотоциклисти фрлија рачна граната на вториот кат од петкатна зграда.

По пријавата, на местото на настанот биле испратени служби за итни случаи, како и експерти за бомби, екипи за откривање на местото на злосторството, специјални сили, екипи за борба против тероризмот и пожарникари.