Skip to main content
Хроника

Вечерва вооружен напад во Тетово

26/05/2025  22:51

Вечерва во Тетово, се случило пукање од страна на лице на мотоцикл во движење.

Инцидентот се случил на улицата 111, позната и како населба Теќе, објави Алсат ТВ.

Според првичните информации, овој случај може да е поврзан со убиството што се случи пред една година во истата населба, во близина на улицата 111.

Исто така, можно е инцидентот да е поврзан со друг инцидент што се случил претходно, каде што имало престрелка меѓу лице од село Гајре и друго од градот Тетово, настан што се случил пред околу една година и неколку месеци, во близина на тетовската болница.

Полицијата е на местото на настанот и го истражува инцидентот. Наскоро се очекува официјална верзија.