
Во прекин е сообраќајот на автопатот Гостивар – Тетово на еден километар по наплатната рампа во правец кон Тетово поради сообраќајна незгода.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот се пренасочува по околниште патишта.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.