Skip to main content
Хроника

Приведен демирхисарец – запалил гранки, а огнот ja зафатил плевна

24/05/2025  13:14

На 23.05.2025 во с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од ОВР   Демир Хисар го лишија од слобода Н.М.(69) од с.Слоештица. Имено, во ОВР Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во с. Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.