Skip to main content
Хроника

Кривични пријави против лица од Пробиштип и Свети Николе за кражби од цркви

24/05/2025  11:12

Кривични пријави се поднесени против две лица од Пробиштип и Свети Николе, осомничени за кражби од цркви, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

ВР Штип – ОВР Св.Николе поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба” по член 236 и едно кривично дело лажно претставување по член 391 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11.05.2025 до 15.05.2025 во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една лажно се претатсвувал на свештено лице како полициски инспектор.

По преземени мерки и активности, на 16.05.2025 во 12.30 часот во Свети Николе, тој е лишен од слобода, по што е спроведен во Полициската станица Пробиштип каде бил задржан во врска со судска наредба за приведување и спровод во Казнено – поправната установа Затвор Струмица.

Исто така, во истиот период, ОВР Свети Николе расчисти и кривично дело „тешка кражба”од црква во Свети Николе, сторена од М.Ј. од Свети Николе. Таа е пронајдена и против неа, исто така, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Свети Николе по член 236 од Кривичниот законик.