Skip to main content
Спорт

Индијана по втор пат го победи Њујорк во конференциското финале

24/05/2025  10:45

Индијана Пејсерс ноќеска го победи Њујорк никс со 114:109 во вториот натпревар од полуфиналната серија во НБА плејофот. 

До триумфот гостинскиот тим беше предводен од Паскал Сиакам кој постигна 39 поени.

Кај Њујорк се истакна Џејлен Брансон со дабл-дабл ефект 36 поени и 11 асистенции.

Резултатот во финалната серија на Источната Конференција која се игра до четири победи сега е 2:0 за Индијана.

Третиот натпревар ќе се одржи ноќта недела кон понеделник со почеток во 2 часот по македонско време.