Skip to main content
Македонија

Регионален состанок на регионалната платформа за реформа на јавна администрација Вебер

06/11/2024  08:14

Во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска во Скопје ќе се одржи регионален состанок на регионалната платформа за реформа на јавна администрација Вебер.

-Експерти, владини претставници и претставници од граѓанските организации од Западен Балкан ќе дискутираат за последните трендови во реформата на јавната администрација во ЕУ и на Западниот Балкан, велат организаторите.

Дополнително, изјави за медиумите ќе дадат директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска, заменик-премиерот за добро владеење Арбен Фетаи и тим-лидерката на проектот Вебер и директорка на Центарот за европска политика од Белград, Милена Михајловиќ.