Skip to main content
Скопје, Хроника

Двајца мртви во страотна сообраќајка во Скопје

23/05/2025  19:25

Денеска (23.05.2025) во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев” во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во тек е увид.