Американците избираа претседател по 60-ти пат во историјата, нов состав на Конгресот и третина од Сенатот.
Резултатите главно се во согласност со очекувањата.
Врз основа на тековните проекции на Си Ен-Ен, поранешниот претседател Доналд Трамп има 246 електорски гласови, додека потпретседателката Камала Харис има 187 електорски гласови.
Си-Ен-Ен проектира дека Трамп ќе ги освои клучните колебливи држави Северна Каролина и Џорџија.
Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.