Skip to main content
Свет

САД/Избори: Републиканците освојуваат мнозинство во Сенатот

06/11/2024  07:36

Републиканската партија го презеде мнозинството во Сенатот, јавуваат американските медиуми, откако освои места во Охајо и Западна Вирџинија.

Републиканците ќе го контролираат горниот дом на Конгресот за прв пат по четири години. Ако победи Доналд Трамп, тие ќе бидат во позиција да ги потврдат неговите судии во Врховниот суд, федералните судии и назначените функционери во кабинетот.

Демократските изгледи да ја задржат контролата врз Сенатот се намалуваат. Партијата загуби две пратенички места, а третото, Џон Тестер во Монтана, е во голем ризик.