
Поразот со 1:0 од Тотенхем синоќа во финалето на Лига Европа беше 20-ти за Манчестер Jунајтед во сите натпреварувања во сезоната 2024/25, не сметајќи го поразот на пенали од Фулам во англискиот Лига куп.
Јунајтед го повтори својот негативен рекорд од сезоната 1973/74, кога тогашниот тим испадна од англиската прва дивизија.
Манчестер Jунајтед го загуби своето второ европско финале во низа. Во 2021 година „Црвените ѓаволи“ загубија на пенали од Виљареал во финалето на Лига Европа.