
Кумановските пожарникари гаселе пожар на патнички автомобил во близина на граничниот премин Табановце, соопштија денеска од полицијата и од противпожарната единица.
Вчера во 23:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот пред граничен премин Табановце настанал пожар во патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.П.(23) од Куманово.
Пожарот го изгасила екипа на територијалната противпожарна единица Куманово, со едно возило и четворица пожарникари, десетина минути пред полноќ. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.