Skip to main content
Спорт

Тотенхем ја освои Лига Европа

22/05/2025  07:48

Тотенхем Хотспур го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 (1:0) и ја освои Лигата на Европа, обезбедувајќи директно место во Лигата на шампионите следната сезона.

Стрелец на единствениот гол беше Бренан Џонсон во 42-та минута.

По голот, „петлите“ успеаја да се одбранат од нападите на Јунајтед, а за „црвените ѓаволи“ оваа сезона ќе биде запаметена како најлоша во историјата на клубот. 

Тотенхем го освои првиот трофеј по 2008 година, воедно ова е прв европски трофеј за клубот по пауза од 41 година. Тотенхем во 1984 година го освои Купот на УЕФА.