Skip to main content
Македонија

Филозофија на гласање во Македонија

21/05/2025  09:16

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски

Логично е тоа дека секогаш во пресрет на било кои избори без оглед дали се работи за парламентарни, претседателски или локални да се прави сериозна анализа на филозофијата на гласањето кај Македонците, што претствува една сложена појава која е комплексна и формирана под влијание на различни фактори, и тоа: историски, социјални, економски и културни и најважно од се партиска (што веројатно е симбол на еден дел Балканот). Жално е што партиите кои се носители на процесите во едно општество не работат на едуцирање на своите гласачи, туку напротив имаат силен интерес тие истите (гласачите) да ги држат во заложништво како своја своина која има за цел да им носи бенефиции и привилигии на политичките елити без оглед дали тие се промовираат на државно или локално ниво, а не да им бидат слуги токму на тии исти бирачи.

Секогаш во пресрет на избори ќе се запрашаме „Зошто да гласам“?, партиите веднаш ќе ви речат дека сега е време да се биде или не, сега е важно да се излезе и да им се даде гласот за нив оти тоа е императив за партиите и нивните елити а не за гласачот. Факт е тоа дека гласот за Претседател на држава, за пратеник во Собранието или за градоначалник или советник во општините нема иста динамика и нема иста важност. Гласњето за Претседател на држава не буди сериозен интерес кај македонскиот гласач од причини што тука секој еден гласач не може да го пронајде својот пред се личен интерес, за разлика од гласењто за пратеници кога имаме парламентарни избори. Тука за момент ќе си помислиме дека нашиот гласач е едуциран и за знае важноста за тоа дека Македонија е парламентарна демократија и според тоа Собранието е носителот на сите процеси во државата наспроти Владата. Но овде кај овие избори најголемиот интерес кај секој гласач е ветување на одредена позиција во државната администација, работно место, задоволување на некоја лична потреба и редица други (лукративни) примери кои го мотивираат гласачот за гласање на парламентарни избори. Исто така, може да се постои поголем интерес за гласање кога се во прашање локалните избори каде се бираат гладоначалници и советници, каде интересот за гласање се сведува првин на тоа дека го познавам лично кандидатот за гладоначалник или пак некој од потенцијалните советници и тука се гледа личниот наспроти општиот интерес што може да покаже како погрешно во текот на мандатот на познаникот и да ви биде разочарување оти не ги задоволил вашите лични а не јавни потреби, што тоа впрочем значи дека со давање на глас на било кој потенцијалните кандидати како гласач се очекуваме дека ќе ни се заврши некоја лична работа или ќе ни реши некој личен проблем наспроти јавен локален проблем.

Она што е логиката на гласњето во европскиот свет кога европејците не се задоволни со одредени општетсвени процеси и одредени политички одлуки на државно, регионално или локално ниво се одлучува да ги отповика тие кои не му служат на потребите на населението и на јавниот интерес наспроти личниот. Кај на гласачот и да има сериони индикатори дека нашиот изабраник (локален или државен) има сериозни прекршувања на законите и нормите сепак ќе го гласаме оти така им наредила партијата и со тоа нашиот гласач се одлучува да оди против сопствените ставови дека некој е корумпиран и несоодветен да биде носител на јавна функција.

Затоа би сакал да предочам неколку сегменти кои го одликуваат нашиот македонски гласач без оглед на својата етничка, политичка или религиозна, полова припадност.

Според некој непишан редослед тоа би изгледало вака:

1. Партиската лојалност и традиција каде огромен процент на гласачи се идентификуваат со одредена политичка партија и гласаат за неа по „традиција“, без разлика на тековните политики (дали се добри или лоши) или кандидатите кои ги нудат. Оваа често се базира на
семејното влијание, етничка припадност, историска поврзаност (на пример, наследство од поранешниот систем).

2. Емоционално, а не рационално гласање каде одлуките често се засноваат на емоции, симпатии, антипатии, стравови, наспроти анализа на програми и платформи. Политичките партии често ја користат оваа емоционална димензија преку пропагирање на националистички пораки, демонизација на „другата страна“, популистички изјави, лични напади на политичкиот опоненет.

3. Гласање по интерес или клиентелизам каде во одредени средини, гласот се врзува со конкретни лични или семејни придобивки и тоа во делот на вработувања во јавна администрација, добивање социјална помош, користење врски за услуги.

4. Недоверба и апатија е она на што треба да поработи секоја сериозна партија и тоа е дека многу граѓани не гласаат бидејќи имаат чувство дека „ништо нема да се смени“, дека „сите се исти“, разочараност од корупција и неисполнети ветувања.

5. Гласање според идентитет или етничка припадност што мислам дека е симбол за гласање во Македонија врзувањето со етничкиот идентитет кои за жал игра голема улога, особено во мултиетничките средини, каде гласањето често се врши: според етничка припадност (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми и др.), со очекување „нашите“ да не застапуваат во институциите. А дел од тие заедници за жал се “купуваат“ со брашно, зејтин, и евентулано 1000 денари дневница за глас што е еден вид понижување.

Достоинството при гласње за било кои избори кај секој или за секој поединец во општеството е непроценлива вредност која ја имаме како алатка да ги казниме или да ги наградиме политиките на државно или локално ниво, но како да го воздигнеме достоинството на гласачот наспроти клинетелизмот парашајте ги во партиските штабови.