Skip to main content
Хроника

Претрес во битолско Лавци, пронајдена дрога – уапсени се три лица

20/05/2025  11:58

МВР информира дека синоќа во 19.55 часот во с. Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола.

При претрес во домот на М.К.(33) во с. Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со течност, импровизирани саксии со растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.