Skip to main content
Хроника

Опожарени три возила во Битола

20/05/2025  11:29

Доцна синоќа на улица „Леринска“ во Битола биле опожарени три возила. Според првичните информации, непознато лице фрлило запалива течност на едно од возилата, по што го опожарило, а од силината на огнот се запалиле уште две паркирани возила.

– Пожарот избувнал на паркинг на улица Леринска каде од страна на непознат сторител била фрлена запаллива течност при што опожарени биле три возила ‘тојота рав’ хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник била С.К. Другото опожарено возило е ‘пасат’ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма и третето зафатено со оган возило е ‘дачија’ со скопски ознаки исто така сопственост на приватна фирма. Извршен е увид на местото на настанот се преземаат мерки да се расчисти случајот – изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.