Skip to main content
Хроника

Му се јавил на таткото и барал 1000 евра за синот да не му биде убиен во затвор – кривична за изнудувач од Челопек

05/11/2024  16:11

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.К.(35) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

На 20.04.2024, пријавениот телефонски го контактирал К.С.(72) и побарал 1.000 евра за да не биде убиен неговиот син кој е на издржување затворска казна во казнено – поправна установа.