Skip to main content
Хроника

Затвореник во Идризово е повреден откако бил нападнат со стаклен предмет од друг осуденик

19/05/2025  14:43

Затвореник во Идризово е повреден откако бил нападнат со стаклен предмет од друг осуденик.

– На 18.05.2025 во 10.20 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека осуденикот С.У. со стаклен предмет е повреден во установата и се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.