Skip to main content
Спорт

Милан нема да игра во европските натпреварувања за прв пат од 2019 година

19/05/2025  12:09

Во 37. коло во италијанското фудбалско првенство, Милан загуби на гостувањето кај Рома со 3:1. По овој пораз „Росонерите“ ги загубија сите шанси за учество во европските натпреварувања за прв пат по 2019 година. 

Претходно, италијанскиот фудбалски гигант прв пат ја пропушти Лигата на шампионите во сезоната 2020/21.

Пред одигрувањето на последното коло во Серија А, Милан се наоѓа на 9. место на првенствената табела, со 60 бодови. Избраниците на Серхио Консеисао најмногу што можат да напредуваат е седмата позиција.

Пред Милан се Наполи со 79 бода, Интер 78, Аталанта 74, Јувентус 67, Рома 66, Лацио 65, Фиорентина 62 и Болоња 62.