Skip to main content
Скопје

До 100 евра субвенции за стерилизација на домашните миленици во Гази Баба

05/11/2024  14:44

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на неговиот Фејсбук профил објави дека општината ќе субвенционира стерилизација на домаши миленици. Надоместокот на трошоците за граѓаните ќе биде 100 % , но не повеќе од 6000 денари.

„Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината. Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност. Објавен е јавниот повик и ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да добијат субвенции. Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-subvencioniranje…/“, напиша Стефковски.