Skip to main content
Хроника

Почина работник по пад при изведување градежни работи во Охрид

16/05/2025  13:29

На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот Ѓ.Д.(58) од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи.