Skip to main content
Хроника

(Фото) Камион се преврте на патот Маврово – Дебар

14/05/2025  10:32

Тешка сообраќајна несреќа го блокираше патниот правец Маврово – Дебар утрово, откако камион се преврте на самата коловозна површина. Инцидентот предизвика сериозен застој во сообраќајот, а возачите се предупредуваат да бидат крајно внимателни.

Според првичните информации, нема потврдени податоци за повредени лица, но на терен се присутни полициски екипи и служби за помош и извлекување, кои работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот.