Skip to main content
Балкан

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите

11/05/2025  16:02

На изборите што се одржаа денеска во Албанија до 11 часот е забележан релативно слаб одѕив, а според податоците на Централната изборна комисија просечниот одѕив дотогаш бил 17,34 отсто.

На последните избори во 2021 година, излезноста во овој период била 20,81 отсто, објави Албанската пошта.

Досега најголема излезност има Тирана со 19,26 отсто, додека регионот Валона и понатаму е најнизок со 12,61 отсто.

Во Тирана до 11 часот утрово во 7 часот се отворени избирачките места во Албанија за парламентарните избори во таа земја на кои право на глас имаат вкупно 3,7 милиони граѓани, а за првпат во гласањето учествува и дијаспората.