Skip to main content
Скопје

Бесплатен скрининг на тироидната жлезда за деветтооделенците во Општина Аеродром

04/11/2024  18:32

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром добиваат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и в.д директорот на Здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува скрининзите да се реализираат во училиштата по претходно определен датум и по добиена писмена согласност од родител или старател на ученикот.

Митески по потпишувањето на Меморандумот, истакна дека само со меѓусебна грижа за здравјето на децата, можат да се создадат услови за превентивна заштита и правилен раст и развој.

Стојаноски посочи дека се планира овој проект да не биде еднократен, туку тој да се воведе како редовна практика со цел превенција на младата популација.

Општина Аеродром останува отворена за соработка со сите институции со кои можат да се создадат уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмлади жители.