Skip to main content
Македонија

Почина момчето што синоќа беше застрелано во кафуле во Штип

09/05/2025  08:35

Студентот кој синоќа ладнокрвно беше застрелан во кафуле во центарот на Штип им подлегнал на повредите во интензивна нега после неуспешна реанимација, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од болницата. Жртвата имала повеќе прострелни рани во стомакот карлицата и надлактицата.

И жртвата и напаѓачот се од Турција.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

Синоќа по убиството напаѓачот со автомобил бегал од Птип при што ја пробил и полициската блоката кај наплатната рампа Миладоновци а полицијата била приморана да пука кон напаѓачот.