Skip to main content
Магазин

Нова измама: Мамо, помогни ми!“ Измамници со вештачка интелигенција го клонираат гласот на вашето дете

08/05/2025  14:24

Измамниците го користат гласот на вашето дете за да ви ги украдат парите. Дигиталната измама стана пософистицирана од кога било. Наместо генерички пораки за изгубени пакети или скршени телефони, сајбер-криминалците денес го користат најемотивното оружје, клонираниот глас на вашето дете. И не, ова не е заплет од научно-фантастичен филм туку реална опасност која се шири низ интернет со неверојатна брзина.

Како функционира оваа морбидна тактика?

Експертите за сајбер безбедност предупредуваат: криминалците повеќе не користат само текст. Тие сега ги пребаруваат социјалните мрежи за аудио снимки од вашите деца, семејството или пријателите. Потоа, користејќи напреден софтвер базиран на вештачка интелигенција, тие го копираат гласот – тон, ритам на говор, па дури и емоции.

После тоа, тие испраќаат гласовни пораки кои изгледаат сосема автентични: дете бара помош, тврдејќи дека телефонот му е изгубен и дека користи „нов број“, моли за итен трансфер на пари. Тоа е емотивна бомба, дизајнирана да ве исфрли од рамнотежа и да ве натера да реагирате брзо – без проверка.

“Мамо, помогни ми!” – Момент што го шокира родителот

Џејк Мур од ESET вели дека оваа техника е толку убедлива што и најблиските членови на семејството не можат да направат разлика помеѓу вистинскиот и лажниот глас.

„Луѓето не реагираат рационално кога ќе слушнат како дете им кажува дека е во неволја. Тоа е инстинкт. А криминалците го знаат тоа и го искористуваат до максимум“, објаснува Мур.

Целта не се само родителите. Измамниците ги таргетираат и пријателите, бабите и дедовците секој што може да падне на приказна за итност и неволја. Една порака, еден момент на паника, а парите исчезнуваат без трага.

Социјалните мрежи како алатка за криминалците

Друг алармантен детал: измамниците не праќаат пораки случајно. Тие активно ги следат профилите на нивните жртви, анализирајќи ги нивните објави, односите со нивните семејства, па дури и коментарите, за да ја направат имитацијата што е можно поубедлива.

Знаат кога сте на одмор, кога славите роденден, кога некој е болен и ги користат сите тие информации за да ви се зближат. Технологијата која беше забавна вчера денес се користи за манипулирање со емоциите и кражба на идентитети на најинтимно ниво.

Како да се заштитите?

Најважното правило: не паничете. Ако добиете сомнителна порака или гласовна снимка за која се тврди дека е од вашето дете, не испраќајте пари веднаш. Наместо тоа, обидете се да го повикате вистинското дете на бројот што вообичаено го користи. Ако не одговори пратете порака и поставете прашање што само тој го знае.

Проверете сè – звукот, околностите, однесувањето. Бидете сомнителни – затоа што во ерата на дигитални клонови, дури ни глас веќе не е доказ.

Во свет каде технологијата напредува побрзо од законите и заштитните мерки, единственото нешто што останува е будноста, претпазливоста и здравата доза на сомнеж.