Skip to main content
Македонија

ЛАДЕН ПЕРИОД ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Нови врнежи и можен снег на планините

08/05/2025  12:09

Полека територијата на нашата Македонија, особено од утре вечер (петок кон сабота / 9 кон 10 мај) ќе навлегува во ладен период со потпросечно ниски температури на воздухот за мај. Ќе има нови врнежи од дожд, особено утре навечер и ноќта кон сабота (9 кон 10 мај). Врнежите повремено ќе бидат пообилни и локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 20 литри).

Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој значително ќе ги спушти температурите. Дури на високите планини над 1900/ 2000 метри надморска височина можни се и повремени врнежи од снег.

И во Скопскиот регион, особено утре вечер и ноќта кон сабота (9 кон 10 мај) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие викендот позначително ќе опаднат и наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.