Skip to main content
Балкан

Нов земјотрес ја стресе и Србија попладнево

04/11/2024  14:38

Лесно тресење на земјата не предизвика паника во источна Србија.

Земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар помеѓу Неготин и Мајданпек, регистриран е околу 11 часот.

Иако сеизмичкиот настан бил почувствуван, поради својот низок интензитет не се очекуваат поголеми последици.

Друг земјотрес со јачина од 2,4 степена според Рихтеровата скала ги погоди исто така и Дубровник и околината околу 11.30 часот, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Засега не се знае колкава е штетата, но граѓаните се јавија и ги споделија своите искуства на веб-страницата на ЕМСЦ.

„Ужасен звук“, кратко прокоментира граѓанин што го почуствувал земјотресот.

„Кратко како бомба да експлодирала во близина“, се вели на веб-страницата ЕМСЦ.