Skip to main content
Музика

Аца Лукас пладнево бараше идни турбофолкери во МКЦ во Скопје – Граѓаните револтирани

06/05/2025  21:43

Денеска на пладне во киното Фросина во МКЦ се одржа аудиција на млади музичари.

MK Summit

Од МКЦ во телефонски разговор за Либертас потврдија дека на аудицијата како член на жири комисијата присутен бил и српскиот турбо фолк изведувач Аца Лукас.

Аудицијата од овој тип во Младинскиот културен центар наиде на револт и критики кај скопјани, а пред сè кај уметниците за кои МКЦ е култно место на уметност и култура, а не простор за избор на турофолкери.