Skip to main content
Скопје

И покрај платен заостанат долг, ЕВН не приклучува назад на мрежа претходно исклучени корисници?

05/05/2025  21:34

Неколку граѓани од една скопска населба попладнево се обратија до 24инфо.мк со поплака од услугите на ЕВН.

Имено, тие тврдат дека биле исклучени од мрежата поради долг од само една сметка, но откако денес долгот го подмириле, се уште не се вратени на мрежата, односно се уште се без струја.

Според нивните тврдења во една иста населба имало повеќе вакви слични ситуации.

24инфо.мк вечерва преку службените канали за комуникација на компанијата побара став за ваквата ситуација, но до овој момент се уште немаме одговор.