Skip to main content
Свет

Папамобилот на папата Франциск ќе стане здравствена клиника за деца во Газа

05/05/2025  08:48

Еден од папамобилите на папата Франциск ќе се претвори во мобилна здравствена клиника за деца во Газа, исполнувајќи една од последните желби на покојниот папа, објави „Ватикан њуз“. 

Возилото што го користеше Папата за време на неговата посета на Светата Земја во 2014 година се опремува со дијагностичка и итна медицинска опрема за да им помогне на младите пациенти во палестинската енклава, каде што здравствените услуги се уништени од израелската инвазија.

Во извештајот се наведува дека Франциск, кој почина во март, ја доверил иницијативата на католичката хуманитарна организација Каритас Ерусалим во месеците пред неговата смрт.

„Ова е конкретна интервенција што спасува животи во време кога здравствениот систем во Газа е речиси целосно распаднат“, изјави за „Ватикан њуз“ Питер Бруне, генерален секретар на „Каритас Шведска“, кој го поддржува проектот.