Skip to main content
Македонија

Запален станот и куќата на Зоки Фаци – сторител на делото е неговиот зет

02/05/2025  21:35

Стефан Лазаров вечерва на социјалните мрежи алармира за два страшни инциденти поврзани со куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче кога неговиот зет од сестра пробал да ги запали. По смртта на Зоки во неговиот стан живее неговата сестра со децата бидејќи нејзиниот поранешен сопруг веќе подолг период ги малтретира и им упатува закани по живот. Денеска, за жал ситуацијата ескалирала кога поранешниот нејзин сопруг подметнал пожар во домот во Катланово, а веднаш потоа сакал да го запали и станот во Ново Лисиче каде таа моментално живее со децата, пожарот започнал во ходникот од зградата, а можел да се прошири брзо и низ целата зграда.

MK Summit

“Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија! Следново што ќе го прочитате е уште еден показател дека живееме со монструми, а систем да не заштити нема!!

Ова утро за малку не беа запалени куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче во кој сега откако Зоки почина живеат неговите внуци и сестра. Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат!

Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од ТАТКОТО на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира , им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие!
Вчера некој полицаец на Бети (сестрата на Зоки, сопруга на сторителот) на нејзина пријава дека сега поранешниот маж и најавил дека ќе ги запали, полицаецот и одговорил “аман секој втор ден ли ќе се расправаме со вас”??

Дополнително ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат , таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово. Веднаш се јавуваат во станицата во Аеродром и повторно го добиваат одговорот “Аман веќе од вас”. Откако го запалил ходникот , и колегите кои веќе се на увид во Катланово , интервенираат кај колегите во Аеродром и тек тогаш излегуваат на терен!!
Замислете ситуацијата денес да ескалираше и да имаше поголеми последици!!!!!?

Човекот е уапсен , вечерва во 21:00 е пред судија. Ги повекувам сите медиуми да извршат притисок за човекот да оди во затвор. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот е неколку пати и пријавуван за семејно насилство!!!”, пишува Стефан во објавата на Фејсбук.