Skip to main content
Свет

Аларм за цунами: Два разорни земјотреси од 7.4 и 7.1 степени по Рихтер за петнаесетина минути

02/05/2025  15:33

Два разорни земјотреси од 7.4 и 7.1 степен по Рихтеровата скала во рок од петнаесетина минути, околу 15 часот по наше време или во 9 часот по локално време го затресе Дрејковиот премин, односно водна површина меѓу ’ртот Хорн (најјужна точка на Јужна Америка) и Јужните Шетлантски Острови на Антарктикот.

MK Summit

Овој дел го поврзува југозападниот дел на Атлантскиот Океан (морето Скоша) со југоисточниот дел на Тихиот Океан и продолжува во Јужниот Океан.

Поради тоа е издадено предупредување за цунами кое може да ја погоди Јужна Америка но и Јапонија. Земјотресите беа на само 10 километри длабочина.