Skip to main content
Скопје

Градоначалникот Стојкоски коси дома, а змии шетаат по школски дворови велат од СДСМ Ѓорче П.

01/05/2025  21:11

Додека јавните површини и школските дворови во Ѓорче се запуштени и неискосени, а граѓаните алармираат за змии и небезбедни услови, градоначалникот Стојкоски реши да им го честита 1 Мај – Денот на трудот – со фотографија како си ја коси тревата во сопствениот двор.

MK Summit

Симболика што совршено ја опишува неговиот мандат – дома уредно, надвор хаос.

Затоа ние од СДСМ Ѓорче Петров денес ја искосивме тревата во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и пристапната патека до училиштето. Таму каде што треба да има одговорност и грижа, ние постапуваме.