Skip to main content
Хроника

Тажни вести за фановите: Почина најпрепознатливиот навивач на шпанската репрезентација

01/05/2025  18:47

Тажни вести пристигнуваат за сите фанови на шпанската репрезентација. Почина најпрепознатливиот фан на „фуријата“, Маноло Касерес Артесеро, или попознат како „Маноло Ел Дел Бомбо“.

MK Summit

Навивачот кој со својот тапан и уникатна облека беше присутен на сите натпревари на Шпанија почина во 76. година од животот.

Веста за неговата смрт ја објави угледниот „Мундо Депортиво“, изразувајќи длабоко сочувство за неговото семејство. Навивачите се збогуваат со својот омилен Маноло, кој остави длабок траг како навивач со искрена емоција и човек кој секогаш пленеше со своето присуство.