Skip to main content
Хроника

Приведен полицаец од Струмица, пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол

01/05/2025  16:11

Приведен е полицаецот А.Б.(52), кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност.

На 30 април во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот.

За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје.

По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.