Skip to main content
Балкан

Трагедија во Србија: Петмина загинаа, се обиделе да спасат човек од септичка јама

01/05/2025  10:49

Пет лица загинаа во трагедијата што се случи вчера околу 17 часот на семејната фарма за свињи во Топола, Србија.

Несреќата се случила кога еден маж паднал во септичка јама, а други се обиделе да му помогнат, при што и тие починале.

Четири члена на семејството загинаа: дедо, неговата сопруга, нивниот син и внук. Загинал и сосед кој бил со нив во моментот на несреќата, пишува Блиц.

Меѓу загинатите е дваесетгодишен млад човек, студент на Економскиот факултет во Крагуевац.

Петтата жртва, жена, почина во болница синоќа. Во прашање е сопругата на починатиот дедо, бабата на починатото момче, која била примена во болница во многу лоша состојба, пренесува Нова.рс.

Српските медиуми јавуваат дека жртвите биле убиени од амонијакот од септичката јама и дека најверојатно некој паднал во јамата, а потоа сите што се обиделе да помогнат починале.

Пожарникари, спасувачи и екипи на брза помош пристигнаа на местото на несреќата вчера, но немаше спас за несреќните луѓе.

Амонијакот бил толку концентриран што и двајца од пожарникарите кои се обиделе да ги извадат жртвите се онесвестиле.