Skip to main content
Балкан

Земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

30/04/2025  19:07

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди грчкиот остров Крит.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 139 километри североисточно од Хераклион.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на EMSC, се наоѓа на длабочина од околу 10 километри под земја.

Сè уште нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.