
Приведен таксист откако се качил на кровот од своето возило за да не му го крене „пајак“ службата. Инцидентот се случил вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Џ.(57) од Скопје, поради тоа што додека со „пајак“ возило му било подигано неговото такси возило, агресивно се однесувал кон полициските службеници, се качил врз возилото и одбивал да се симне.