Skip to main content
Хроника

Измамена жена од Тетово: Сакала да плати 2.000 евра мито, ги дала парите на погрешен човек

29/04/2025  12:29

Вчера во 11.30 часот во СВР Тетово 27-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена за 2000 евра од страна на К.Ј., која и се преставила дека е ќерка на обвинителка и дека може ѝ помогне за предмет во обвинителството.

На 15.02.2025 година, таа и ги дала парите, но на 15.04.2025 добила одговор од Обвинителството дека „иницијативата“ ѝ е одбиена, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.