Skip to main content
Спорт

Најава за спектакл во Лондон, Арсенал против ПСЖ

29/04/2025  12:31

Фудбалерите на Арсенал и ПС, вечерва ќе ја отворат полуфиналната фаза во Лигата на шампионите.

Два тима, иста цел, конечно да го освојат трофејот во Лигата на шампионите. Арсенал и ПСЖ никогаш не го освоиле најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал. Победникот во финалето, во Минхен, ќе игра против Интер или Барселона.

Арсенал и ПСЖ се сретнале пет пати во последните 20 години – три победи извојува тимот од Лондон, а двапати било нерешени резултати.

Последниот пат, овие два тима играа оваа сезона во лигашкиот дел од натпреварувањето, а Арсенал успеа да ги победи Парижаните на својот стадион со 2:0, со головите на Каи Хаверц и Букајо Сака.

„Топџиите“ стигнаа до полуфиналето со убедлива победа над Реал Мадрид во четвртфиналето (вкупно 5:1). Од друга страна, Пари Сен Жермен се мачеше со Астон Вила (вкупно 5:4).

Арсенал доминираше во Лигата на шампионите во текот на целата сезона, што се докажува со фактот дека примија само три гола во лигашкиот дел од натпреварувањето и го зазедоа високото трето место на табелата.

Кога е во прашање Пари Сен Жермен, тие влегоа во натпреварувањето нешто полошо, но во вистинско време ја „фатија“ формата.

Тимот од Лондон се смета за благ фаворит во првиот натпревар. За време на викендот, Арсенал ги загуби сите надежи за освојување на титулата во Премиер лигата, па сега можат да се фокусираат што е можно повеќе на Лигата на шампионите, која никогаш не ја освоиле.

Трофејот е во фокусот и на ПСЖ, разликата е само што тие на шест кола пред крајот на сезоната во Лига 1 ја одбранија титулата.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, може да смета на сите играчи за претстојниот натпревар. Неговиот тим нема проблеми со повреди или суспензии.

Од друга страна, Микел Артета има проблеми. Тој нема да може да смета на суспендираниот Томас Парти (жолти картони), односно на Жоржињо, Каи Хаверц, Гарбиел Жесус, Такехиро Томијасу.

Микел Мерино, како и стоперот Бен Вајт, се под знак прашалник за натпреварот.

Првиот полуфинален натпревар Арсенал-ПСЖ на „Емирејтс“ стадионот во Лондон ќе започне во 21 часот, реваншот е на 7.мај во Париз.