Skip to main content
Македонија

Тошковски пред матурантите: Безбедното учество во сообраќајот е многу значајно и обврска на сите нас

28/04/2025  15:40

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати пред матурантите на средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски” во Скопје, во рамки на кампањата „Да ја подигнеме сообраќајната свест кај младите – 2025, на матурска вечер без автомобил”. Ваквите кампањи традиционално ги организираат заеднички Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје, со кои се насочува вниманието на потребата од безбеден сообраќај, значењето на човечкиот живот и доследното почитување на сообраќајните правила од сите учесници во сообраќајот и како пешаци и како возачи.

Министерот Тошковски на крај истакна дека само младите луѓе ја имаат енергијата, силата и знаењето да ја донесат позитивната промена на подобро за нашата убава Македонија.