
Соопштение на МЗ Галичник:
Со ова писмо, во прилог на овој маил, сакаме да Ве информираме за сериозен инфраструктурен проблем кој го засега Галичник. Имено, на единствениот пристапен пат што води низ централниот дел на Галичник, се појави големо свлечиште кое сериозно го загрозува безбедното движење на жителите, посетителите и туристите.
Патот, кој е од витално значење за комуникацијата и секојдневниот живот во Галичник, во моментот е сериозно оштетен, со потенцијал целосно да се прекине пристапот до нашата заедница. Ситуацијата претставува опасност не само за безбедноста на луѓето, туку и за нормалното функционирање на сите активности во местото.