Skip to main content
Македонија

Манасиевски: Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, местото каде функционирале убијците сега е кафич на другар на Апасиев

27/04/2025  22:04

Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица.

Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле – Павилјон 36.

Кафулето на другарот на Апасиев е отворено во деловниот простор кој го купила Левица за багатела.

Кафулето на Ивановски, другарот на Апасиев е со иста орнаментика како Левица.

Толку од левичарите. И Левица и Апасиев се демаскирани. Тоа што го лажеа сопственото членство со висок морал и скромност се испостави како најголема лага, рече Манасиевски.