
Тирана – По меѓународниот аеродром во Тирана и оној во северниот град Кукс, набрзо во Албанија ќе профункционира и новоизградениот аеродром во приморскиот град Валона.
Албанската вицепремиерка и министерка а инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку изјави дека Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) на аеродромот во Валона му додели аеродромскиот код и продажбата на билети.
– ИАТА позитивно ја оцени апликацијата на меѓународниот аеродром во Валона во согласност со меѓународните стандарди и му го додели аеродромскиот код и кодот за билети: ВЛО, наведе Балуку.
Според неа ова им овозможува на туристичките агенции да продаваат билети во име на водечките меѓународни авиокомпании на пазарот.
Балуку наведе дека во првите денови од мај „Ер Албанија“ ќе го изврши својот инаугуративен лет, од најголемата авиописта на Балканот, долга 3,2 километри.
Аеродромот ќе работи со над три бизнис модели: цивилна авијација, одржување на авиони и целосен карго терминал, а ќе се протега на 22.000 квадратни метри.