Skip to main content
Скопје

Општина Аеродром ќе набави нова механизација за одржување на јавните површини

26/04/2025  19:10

Екипите на Јавното комунално претпријатие на општина Аеродром се секојдневно на терен и покрај неповолните временски услови периодов проследени со дожд, интензивно работат на одржување и косење на јавните зелени површини, соопштија од локалната самоуправа. 

– Механизацијата со која располага комуналното претпријатие е постојано активирана, како и голем број работници кои се ангажирани за косење на тревниците на целата територија на Аеродром.  Исто така, за првпат по десеттина година, во тек е јавна набавка за зголемување на капацитетите на механизацијата за што поефикасно и побрзо одржување на јавните површини, информираа надлежните. 

– Општина Аеродром располага со околу 150.000 м2 зеленило, чиешто одржување останува наш приоритет и токму затоа го задржуваме приматот за најзелена општина во Македонија. Дополнително, покрај одржување на јавните зелени површини, периодов започнавме реконструкција на веќе постојните паркови, а работиме и на изградба на нови паркови, како и на зазеленување и хортикултурно уредување и на други локации со цел аеродромци да имаат можност да уживаат во убаво уредени средини во непосредна близина на нивните домови, додаваат од општина Аеродром.