
Семејствата на загинатите во трагедијата што ја потресе Кочани и денеска излегоа на протест, барајќи правда за своите најмили.
Со транспаренти, мирен протест и апели, тие уште еднаш го изразија своето незадоволство од текот на постапките и побараа од надлежните институции брза и правична разрешница.
Нивната борба за вистината продолжува, а болката и разочараноста остануваат нивна секојдневна реалност.