
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Слободното изразување мислење и став за најразлични проблематики, за СДС изгледа е непознат поим.
Но, што може и да се очекува од СДС, партија која на таканаречени внатрепартиски избори оди со еден кандидат, без можност членовите да имаат избор.
Во владината коалиција владее демократија каде што секој има право на свое мислење, слободно изразување и партиско делување.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на враќање на функционалноста на институциите на системот, во кои владеењето на СДС остави целосен пустош.
Нешто што се рушело и разградувало за седум години власт на СДС, не може преку ноќ на се среди, но полека но сигурно, системот се враќа во функција.
Економскиот пустош кој СДС го остави зад себе директно влијае на стандардот на граѓаните, но ВМРО-ДПМНЕ покажа дека со посветена и чесна работа може да се запри слободниот пад на економијата. Економијата заживеа и тоа го покажуваат и податоците на институциите, така што последниот квартал од минатата година заврши со раст на БДП од 3,2 проценти. Се покачуваат платите, пензиите, се зголемуваат директните странски инвестиции, се вложува во капитални проекти.
Но, единствена работа што функционирала и била организирана за време на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ, беше криминалот и корупцијата.
Тоа не го зборуваме само ние, тоа го потврдуваат и надлежните институции, така што нема област каде што ќе се чепне или да се направи ревизија во работењето на институциите од претходната власт на СДС и ДУИ, а да не излезе некаква форма на организиран криминал и корупција.
Владата е стабилна, функционална и целосно посветена да обезбеди економски раст и развој и подобар животен стандард за сите граѓани.
А, СДС останува симбол на криминал, корупција и предавства.